Почитувани,
Врз основа на одлуките донесени на редовната седница на МПЦО „Св цар Константин и царица Елена„ од 18.02.2018 година, и согласно Статутот на МПЦО во Ријека, со големо задоволство и духовна радост,
В Е П О К А Н У В А М Е
ДА ПРИСУСТВУВАТЕ НА РЕДОВНОТО ГОДИШНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА МПЦО ВО РИЈЕКА
кое ке се одржи во Недела, 04.03.2018 година со почеток во 12,00 часот, во просториите на МКД „Илинден„ - Матачиќева 5 во Ријека, после Боженствената Света Литургија, која ќе се одржи во црквата св. Фабијан и Себастијан, во Стариот град, со почеток во 10:00 часот, под водство на парохискиот свештеник на МПЦ во РХ, протоереј - ставрофор Кирко Велински.
ГОДИШНОТО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ КЕ ГО ПРЕДВОДИ;
Протоереј-ставрофор, Кирко Велински,
парохиски свештеник на МПЦ во Република Хрватска