Во рамките на Деновите на македонската култура 2019 г. во Риека, се обележува и манифестацијата Стоп на насилството над жените. Таа ќе се одржи в сабота, 23.11.2019 г., со почеток од 18.30 часот во просториите на МКД „Илинден“.
Како и претходните години, водител на оваа манифестација ќе биде Дамир Марас, а ќе гостуваат и стручни лица од Здружението за заштита на семејството „У.З.О.Р.“ од Риека, како и поети и поетеси од Риека и од пошироката околина.
Ќе настапи и дуото Данијела Пенде и Иван Ѓунѓек.
Манифестацијата се одржува на ниво на цела Хрватска, а МКД „Илинден“ е горд организатор од 2016 година.
*
Одржувањето на манифестацијата е овозможено со средства од државниот буџет на Република Хрватска, со посредство на Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска и на Министерството за наука и образование, со средствата од Приморско-горанската жупанија, како и со сесрдната помош на Градот Риека, Советот МНМ за Градот Риека, Советот МКНМ за ПГЖ и со несебичното залагање на многу поединци да се реализира оваа програма, на што од сè срце им благодариме.