МКД „Илинден“ во соработка со Претставникот на македонското национално малцинство за Приморско-горанската жупанија и со Советот на македонското национално малцинство за Град Риека во рамките на Деновите на македонската култура 2023 ја организира манифестацијата „Детска радост“ која ќе се одржи в
понеделник, 18 декември 2023 година, во 18 часот.
Во програмата учествуваат учениците кои го изучуваат македонскиот јазик по моделот Ц во ОУ „Центар“ во Риека, под менторство на учителката Ана Фантин, и во Првата сушачка хрватска гимназија во Риека, под менторство на учителката Наталија Лековска.
Овогодишни драги гости ни се децата актери од Креативната лабораторија на современиот театар КРИЛА кои ќе изведат божиќна претстава, инспирирана од филмот The Nightmare Before Christmas.
Годинава подароците ги доделува Св. Никола – лично!
Поздрав и се гледаме во МКД „Илинден“!
Среќни и бериќетни празници ви посакуваат сите правни субјекти на македонското национално малцинство во Риека и во ПГЖ!
*******************************
Одржувањето на манифестацијата е овозможено со средства од државниот буџет на Република Хрватска, со посредство на Советот за национални малцинства на Владата на Република Хрватска и Министерството за наука и образование, со средствата на Приморско-горанската жупанија, како и со сесрдната помош од Град Риека, од Претставникот на македонското национално малцинство за Приморско-горанската жупанија, од Советот на македонското национално малцинство за Град Риека, и со несебичното залагање на сите поединци во реализацијата на оваа програма, за што најискрено им се заблагодаруваме.